Friday, January 31, 2025

Микроорганизми


 

Микроорганизам

Микроорганизам или микроб — секој жив организам кој не е видлив со човечкото око. Микроорганизмите можат да бидат припадници на речиси сите царства на живи организми. Обично кога се зборува за микроорганизми се мисли на бактериите  вирусите, кои сепак не се живи организми, туку се на границата помеѓу живо и неживо). Но, живиот свет на планетата Земја изобилува и со растенија, животни, габи и протисти кои се микроорганизми.  


Микроорганизмите во еколошките поделби на организмите


Од аспект на растителното и животинското царство, во екологијата постојат посебни поделби на микроорганизмите. Микроскопските растенија се опфатени со поимот микрофлора (или микрофити), додека микроскопските животни се опфатени со терминот микрофауна. Овие поделби, сепак, не се толку строги и не се однесуваат само за припадници на растителното, односно животинското царство (како што укажуваат самите термини). На пример, во микрофити се вклучени бактериите, алгите и некои габи, додека во микрофауна се вклучени и праживотните.

Како позначајни претставници на микрофити се јавуваат цијанобактериите и зелените алги, додека микроскопски животни се многу без‘рбтеници, на пример, дерматофагоидите, одредени групи на ракови (како водната болва Daphnia magna), човечката болва Pulex irritans или, пак, многу слободноживеачки видови на цевчести црви.

Најзначајни микроскопски габи се Saccharomyces cerevisiae, Schizosaccharomyces pombe и Candida albicans.

Бактерија

Бактериите се практично невидливи за голото око, со исклучок на одредени екстремни случаи, како што е Thiomargarita namibiensis. Тие се наоѓаат во мембранските органиели, и може да функционираа и да се репродуцираат како посебни клетки, често се здружуваат во повеќеклеточни колонии. Нивниот геном вообичаено е еден циклус од DNA, иако тие може да заземат мали делови од DNA наречени плазмиди. Овие плазмиди може да се пренесуваат помеѓу клетките преку нактериска конјугација. Бактериите се опкружени со клеточен ѕид, кој овозможува заштита и ригидност на нивните клетки. Тие се репродуцираат со бинарна поделба или понекогаш преку пупење, но никогаш преку сексуална репродукција. Некои видови на бактерии формираат невообичаено отпорни спори, за бактериите ова е механизам за преживување, не репродукција. Во оптимални услови бактериите може да се размножуваат екстремно брзо и може да се удвојуваат на секои 10 минути.

 

 

Археа

Археите се исто така едноклеточни организми кои опстануваат во клеточните јадра. Во минатото, разликата помеѓу бактериите и археите не била воочувана и археите биле класифицирани со бактериите како дел од царството монера. Меѓутоа, во 1990 година микробиологит Карл Везе го вовел тридоменскиот систем според кој направил поделба на бактерии, археи и еукариоти. Археите се разликуваат од бактериите според нивната генетска и биохемиска структура. Така на пример, додека клеточната мембрана на бактериите е составена од фосфоглицериди со естерски врски, мембраната кај археите е составена од етерни липиди.

Археите на почетокот биле откриени во екстремните животни услови, како што се жешките извори, меѓутоа подоцна најдени се археи во сите типови на хабитати.[8] Дури сега научниците почнуваат да сфаќаат колку се вообичаени археите во нашата животна околина, пример Crenarchaeota е најчеста форма на живот во океаните, која доминира со екосистемите на длабочина под 150 m. Овие организми исто така се вообичаени во почвата и играат витална улога во амониалната осидација.



Како микроорганизмите јадат? 

 

 

Животни

 Повеќето животни се повеќеклеточни, но некои се толку мали што не можат да се видат со голо око. Микро-животните можат да се размножуваат по пат на сексуална активност или да се асексуални несејќи јајца. Некои од едноставните животни. можат комплетно да дехидрираат и да останат во сон многу долг временски период.

 

 

Габи

  Кај габите има неколку едноклеточни вида, (Saccharomyces cerevisiae) и (Schizosaccharomyces pombe). Фунгите можат да се размножуваат асексуално и сексуално, со делба, како и продуцирајќи спори, наречени конидиа кога се продуцираат асексуално, или басидиоспори кога се продуцираат сексуално.

 

 

Растенија

 Зелените алги се голема група на фотосинтетички еукариоти во која припаѓаат голем број на микроскопски организми. Меѓутоа некои зелени алги се класифицирани како протисти, некои, пример карофитите се класифицирани заедно со ембриофитни растенија, кои се најпозната група на растенија на земјата. Алгите можат да се развиваат како едноклеточни или во долги ланци на клетки. Постојат околу 6000 вида на зелени алги.

 

 

Микроорганизмите како мотив во уметноста

 „Микрокосмос“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.



24 comments:

  1. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  2. Super e, a osobeno mi se dopadna videoto

    ReplyDelete
  3. Fala, isto i na mene zatava go stavih

    ReplyDelete

Трите агрегатни состојби

   Трите агрегатни состојби   Цврста агрегатна состојба     Цврста состојба — една од четирите фундаментални состојби на материјата (другит...